Дигит Компјутери врши испорака преку карго, за купени производи со цена над 4000.00 денари следува бесплатна испорака, за производите со цена под 4000.00 денари купувачот си ја плаќа испораката на карго компанијата. Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката. При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое не наведено во порачката но го прима производот на наведената адреса при извршување на порачката.
При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуално недостасување на некој дел доколку производот е составен од неколку делови. Доколку констатира некој од предходните недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација.
Испораката на производите вршиме низ целата територија на Македонија.
Времето на испорака изнесува од 24 до 48 часа од моментот на правењето на нарачката.
Доколку нарачката е направена после 17 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од наредниот работен ден.
Доколку нарачката е направена во неработни денови рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се рачунаат неработните денови.
Дигит Компјутери го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.
Доколку има доцнење на испораката Дигит Компјутери не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.